Селекторот на словенечката ракометна репрезентација, Урош Зорман доби лоши вест пред почетокот на Европското првенство кое на средината на месец јануари 2024 година ќе се одржи во Германија.
Дел од репрезентацијата нема да биде еден од клучните ракометари, Блаж Јанц. Играчот на Барселона се соочува со проблеми со грбот, а и покрај тоа што постоеше шанса за негов настап тој денеска потврди дека ќе биде само навивач.
„Да играм за репрезентацијата за мене е чест така што навистина ми е жал што ќе го пратам ЕП 2024 во улога на навивач. Иако срцето сака да биде поинаку, паметот вели дека не смее да се брза со работите кога повреда е во прашање. Им благодарам на сите за поддршката и на сите кои ми помогнаа на прегледите“, изјави Јанц.
Словенија во групната фаза ќе настапува во Берлин каде силите ќе си ги одмери со Норвешка, Полска и Фарски Острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

