Тренерот на Црвена Звезда, Саша Обрадовиќ нема да може да смета на еден од најдобрите поединци во „црвено-белите“ редови Чима Монеке за натпреварот против Хапоел Тел Авив во 16. коло од Евролигата.
Оваа вест беше потврдена од страна на белградскиот евролигаш кој соопшти дека е донесена одлука од стручниот штаб и лекарите непосредно пред патувањето, тој да остане во Белград.
Покрај Монеке дел од составот нема да биде ниту Огњен Добриќ кој се уште се рехабилитира од повредата на колкот предизвикана од пад на натпреварот против Барселона.
Црвена Звезда му гостува на лидерот на табелата во серија од два порази едно по друго од кои последниот од вечниот ривал Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

