Лоши вести за Звезда: Крај на сезоната за Боломбој

Центарот на Црвена Звезда, Џоел Боломбој беше опериран во Соединетите Американски Држави и со тоа за него и дефинитивно е завршена сезоната.

Клубот Белград преку соопштение ги соопшти деталите.

„КК Црвена звездаја информира јавноста дека нашиот првотимец Џоел Боломбој беше успешно опериран во средата по локално време во Соединетите Американски Држави. Лекарскиот тим кој ја изврши интервенцијата на повреденото стапало на нашиот играч е крајно задоволен при операцијата со која е санирана повредата на центарот на Црвена звезда. Џоел Боломбој се повреди на мечот од Евролигата со Армани во Белград, а новите прегледи во САД кои беа направени на почетокот на неделата потврдија дека се работи за повреда на стапалото која може да се санира само со операција.

Бидејќи ваквата повреда и оперативна процедура е проследена со долго опоравување, Џоел Боломбој ќе го пропушти остатокот од актуелната натпреварувачка сезона“, стои во соопштението на Звезда. 

Се вчитува...