Црвена Звезда не дозволи да го претрпи и третиот пораз сезонава во АБА-лигата откако славеше на дербито во Подгорица против Будуќност со резултат 73-75.
Во третата четвртина, тешка повреда на коленото заработи гостинскиот центар Џоел Боломбој. По мечот тренерот на „црвено-белите“ Јоанис Сферопулос изјави дека ситуацијата со Боломбој е навистина тешка.
„Не сум среќен во овој момент бидејќи го загубивме Боломбој. Ги чекаме деталните прегледи кои ќе ги направиме во Белград, но во овој момент се чини дека повредата е сериозна“, изјави Сферопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА