Иднината на напаѓачот Серу Гираси во Борусија Дортмунд е неизвесна, откако „милионерите“ може многу лесно за мала сума да го испуштат на крајот на сезоната. Лошата клаузула во договорот на напаѓачот на Гвинеја, го прави достапен за заинтересираните тимови, кои стојат во редот за неговиот потпис.
Со одличните игри, тој веќе го сврте вниманието кон себе, а на лето ќе биде достапен за 50 милиони евра. Односно, неговата клаузула која во моментов изнесува 75 милиони евра, се намалува на крајот на сезоната.
Германските медиуми ова го окарактеризираа како лош договор на Борусија со Гираси, кој го купи од Штутгарт. Меѓутоа има уште една „финта“ во договорот, а тоа е дека ова клаузула важи само за големите клубови, а оа се Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити, Челси, Арсенал и Манчестер Јунајтед. За другите клубови останува да преговараат со Дортмунд.
Гираси во Дортмунд стигна во 2024 година од Штутгарт за 18 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

