Лошиот „ѓавол“ Марсијал барал „тројка“ со француска манекенка

Антони Марсијал не се покажа многу сезонава на фудбалски, но затоа бил суперактивен на љубовно поле. Француска манекенка Малика откри дека и пишувал пораки со вулгарна содржина и и праќал провокативни фотографии во периодот кога неговата девојка Мелани била во осмиот месец од бременоста. Размената на пораките продолжила и по раѓањето на неговиот син Свон.

„Знам дека згрешивме, но јас се допишував со него бидејќи премногу ми се допаѓаше. Во некои други услови, сигурно ќе имав врска со него“, изјави манекенката.

Манекенката сведочи и дека Марсијал сакал да ја сокрие релацијата со неа бидејќи многу стравувал од реакцијата на Мелани. Францускиот интернационалец со своите 23 години веќе има долга љубовна историја. Тој веќе беше женет кога ја почна врската со Мелани, со која сега има и син.

 

Се вчитува...