Лошиот влез во вториот дел го чинеше Алкалоид нов пораз од Силкеборг

Екипата на Алкалоид е поразена и на гостувањето кај Брегингбо Силкеборг во чевртиот натпреар во групната фаза во Лигата на Европа со 35-31. Избраниците на Кире Лазаров беа рамноправен, па на моменти и подобар од ривалот, но неколкуте серии без постигнат гол и низа на дадени голови на противникот го чинеа македонскиот вицепрвак нов пораз во Европа. Особено решавачки беше стартот на вториот дел во кој Силкеборг од минимална, стигна до предност од +6, со што тргна по победата и на крај до неа дојде.

Алкалоид успеа да поведе, но не за долго, а потоа Силкеборг ја презеде иницијативат, и со една серија од 4-0, дојде до предност од 7-3. Меѓутоа македонската екипа не се предаде и стигна на моменти до негатива од едне гол, а потоа вистинска „нишалка“ се играше гол за гол, за на крајот Данците на пауза на полувремето да заминат со предност од само еден гол 17-16.

На стартот од вториот дел беше одлучен победникот од мечот. Од 17-16, данскиот тим за 6 минути стигна до серија од 5-0, за 22-16, после која Алкалоид не можеше да се врати. Се обидоа избраниците на Лазаров, стигнаа во неколку наврати и до -3, но без сила да дојдат до ситуација да го избегнат поразот, трет во Лигата на Европа.

Најефикасни кај данскиот тим беа Болдсен, Халбак и Нилсен со по шест голови. Кај Алкалоид блескаше Митев со девет постигнати голови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...