Одбојкарската репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз на Европското првенство во Финска. Овој пат „црвено-жолтите“ претрпеа пораз од фаворизираната Турција со 3-0. Македонија денеска му парираше на противникот само во првиот сет (22-25) кој беше неизвесен до самиот финиш, а доминацијата Турците ја докажаа во следните два.
Македонија одлично се претстави на отварањето натпреварот во кој влеговме со серија од 3-0. Сепак Турците успеаја да ги консолидираат своите редови и да ја наметнат својата игра, меѓутоа не и да направи значајна предност. „Спартанците“ долго им парираа на фаворизираните противници, меѓутоа искуството беше пресудно на крајот на првиот сет во кој Турција успеа да направи серија од 4-0 со што стигна до предност од 16-20. „Црвено-жолтите“ успеаја високата негатива да ја сведат на само еден поен заостаток (22-23), но тоа беше недоволно за целосен пресврт.
За разлика од првиот сет во која „црвено-жолтите“ беа достоен противник на Турција, нашиот противник покажа целосна доминација во вториот сет. Труците го отворија истиот со серија од 6-0, а моментумот продолжи и до крајот на истиот. Предноста на Турција се зголемуваше од минута во минута, а на крајот на вториот сет резултатот изнесуваше 25-12.
„Спартанците“ повторно заиграа на своето ниво на отварањето на третиот сет во кој долго парираа на фаворизираниот противник. Во еден момент резултатот изнесуваше 10-10, но претстоеше нова серија на Турците од 10-0 за која нашата репрезентација немаше одговор па следеше нов убедлив пораз (15-25) за крај на средбата.
Во следниот натпревар кој ќе биде одигран во утре нашата репрезентација ќе се сретне против Шпанија која истотака има учинок од три порази и ниту една победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА