Лошото момче на светскиот тенис во локален паб се подготвуваше за мечот со Надал

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска се среќава со Рафаел Надал во второто коло на Вимблдон. Тој за натпреварот против Надал се подготвуваше во локален паб во близината на тенискиот комплекс на „Ол ингланд“ клубот.

Пред мечот со Надал тој одлучи да се опушти повеќе од дозволеното за еден професионален тенисер кој се натпреварува на Вимблдон.

„Тукушто наздравив со Кирјос. Целосно е опуштен, се смее со пријателите, зборува со девојки, пие. Прилично невообичаена подготовка за меч на Вимблдон“ – напиша на Твитер португалскиот новинар, Мигел Сеабра. 

Големиот тениски талент, Кирјос во последно време има проблеми со однесувањето и на терените, но и надвор од нив. Ги провоцираше некои од најдобрите тенисери, се расправаше со судиите, а многу често знаеше и да и дофрли на публиката.

 

Се вчитува...