ЕКИПА во Анталија, Турција
Горан Бошев
Лошо време проследено со силни врнежи од дожд, деновиве прави проблем на македонските екипи на подготовките во Анталија. Денеска Силекс и Вардар треба да одиграат пријателски мечеви, но истите „висат“ поради невреме.
Веќе два дена во Анталија има лошо време, дел од терените се потопени, па не дозволуваат нормално да се одвиваат подготовките. Вардар денеска во 15:30 часот по македонско време треба да одигра контролен меч со Мотор Лублин, додека Силекс треба да игра со Словачко во 13:00 часот.
И натаму е неизвесно дали ќе се одиграат овие мечеви. Вчера беа одложени неколку натпревари, меѓу кои и оној на Партизан против Гангвон, дел од мечевите завршија порано од предвиденото поради лошото време.
ЕКИПА е во Анталија, и ќе го следи денешниот дуел помеѓу Вардар и Мотор, доколку се има услови да се одигра истиот. Ако не, „црвено-црните“ ќе треба да одржат тренинг и да ги продолжат подготовките, кои во овој период се одвиваат проблематично.
Покрај Вардар, во Анталија на подготовки се уште и екипите на Струга ТЛ, Шкендија, Пелистер, Тиквеш и Силекс. Вчера својот меч го одиграа Струга ТЛ и Пакхатор, кој заврши без победник 1:1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

