Спринт трката за Големата награда на Австралија во Мото ГП нема да се одржи поради лошите временски услови. Таквата можност беше најавена во петокот, а откажувањето беше потврдено половина час пред да започне трката.
Временските услови најавени за недела ги натераа организаторите да ги сменат термините на главната и спринт трката, а и покрај речиси невозможните услови трките во категориите Moтo 3 и Moтo 2 се одржаа според планираното, со тоа што онаа во средната класата беше прекината во деветтиот круг.
Победата на трката за ГН на Австралија во кралската класа ја освои Жоан Зарко, кој на тој начин ја оствари првата победа во најсилната категорија. Во Мото 2 најдобар беше Тони Арболино, а во Мото 3 Дениз Ончу.
По откажувањето на спринтот, разликата меѓу Франческо Бањаја и Хорхе Мартин остана 27 поени, на четири трки пред крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА