Лацио во текот на утрешниот ден ќе го официјализира ангажманот на новиот тренер, а веќе нема никаква дилема дека тоа ќе биде Игор Тудор.
Хрватот беше фаворит веќе во следниот ден по оставката на Маурицио Сари, а претседателот Лотито денеска и официјално потврди дека токму Тудор ќе биде нов предводник на римскиот тим.
„Игор Тудор, избравме човек кој има искуство и карактер. Тој е тренер што знае како да ја крене атмосферата во екипата“, прокоментира Лотито.
Првиот човек на Лацио кратко се осврна и на разделбата од Маурицио Сари, кој самиот си поднесе оставка иако ја имаше поддршката од управата на клубот.
„Оставката на Сари беше како гром од ведро небо бидејќи ние немавме намера да се разделиме без оглед на резултатите. Кога се видовме последниот пат ми кажа дека си заминува затоа што се чувствувал изневерено. Од кого е изневерен, најдобро ќе биде да го прашате него“, истакна Клаудио Лотито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА