Сергеј Милинковиќ-Савиќ веќе неколку години се поврзува со заминување од редовите на Лацио, а ова лето би можела и конечно да се случи преселбата со што српскиот репрезентативец ќе стави крај на соработката која трае од 2015 година.
За заминувањето на Србинот говореше и претседателот на клубот, Клаудио Лотито кој вели дека не е за продажба на најдобриот фудбалер на тимот, но нема да му застане на патот доколку сака да замине од Рим.
„Не сакам да го продадам. Напротив, се обидувам да го продолжам договорот. Но, договорот мора да биде нешто за кој и ние и Сергеј ќе се сложи. Лацио сигурно не мора да продава за да купува. Ако се случи тој да замине, причина за тоа нема да биде желбата за заработиме. Ако сака да замине, нема да му стојам на патот“, вели Лотито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА