Лион ги доживува најтешките денови во својата историја во францускиот шампионат. Зацврстен на последната позиција во првенството со тешка резултатска криза од која се чини нема излез.
Во 14 кола имаат само седум освоени бод, поради што веќе не можеше да премолчи и хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен кој се врати во Лион, но дефинитивно не се надеваше на ваква ситуација.
Но, се чини, избра претешки зборови кои предизвикаа дополнителен хаос во Лион, па место да ја смири атмосферата дополнително ја подгреа и во соблекувалната и меѓу навивачите.
„Ова е најлошата екипа на Лион во која сум играл. Мора да се запрашаме затоа што вака повеќе не може. Си изнакажавме едни на други многу нешта по последниот пораз, но нема да ви кажам што“ – изјави Ловрен за француските медиуми.
Дел од соиграчите ги разбраа неговите зборови, но дел му замерија што одбрал така јавно да зборува за оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА