Од дербито меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, кое заврши без победник изминатиов викенд, ќе остане забележана и 44. минута кога по еден судир со Лукаку, хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен избегна за малку тешка повреда.
При падот, Ловрен заработи удар со петица во глава од страна на Лукаку. Хрватот тврди дека Белгиецот намерно го удрил за што не добил црвен картон.
„Искрено, мислам дека тоа го направи намерно. Можеше да се тргне, но се одлучи да не ја поместува ногата. Да беше случајно сигурно ќе се извинеше, а вака го видов дека е нервозен а можеби тоа беше причината“ – вели Ловрен.
Лукаку притоа избегна и казна…
„Тоа не е моја одлука, иако мора да кажам дека сум разочаран. Како и да е, мора да продолжиме понатаму. Тоа е фудбалот“ – истакнува Ловрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА