Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен веќе неколку дена предизвикува реакции со критиките на сметка на новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
Дефанзивецот на Ливерпул не гледа смисла во играње едно вакво натпреварување, па продолжува со критиките и по синоќешното реми без голови на Хрватска против Англија. „Коцкестите“ се уште немаат постигнато гол во Лигата на нациите, а по дебаклот од Шпанија сега среќно се спасија од пораз и од Англија.
„Некако беше лошо со оглед на тоа дека немаше публика, а бодот е добар, може да бидеме задоволно. Беше многу подобро отколку со Шпанија кога срамно загубивме. Но, тешко е да играш натпревари за кои знаеш дека се играат за ништо. Најважно ни е она што доаѓа од март следната година и вистинските квалификации за ЕП“ – вели Ловрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА