Ловрен нема да игра со Челси, чека трансфер во Рома

Дејан Ловрен е чекор поблиску до заминување од Ливерпул откако хрватскиот репрезентативец не се најде на списокот на патници за Истанбул, каде „црвените“ утре ќе играат со Челси во рамките од Супер-купот на Европа. Клоп ги повика најдобрите играчи што ги има на располагање со исклучок на повредениот Алисон Бекер, но Ловрен остана во Англија во исчекување на трансфер надвор од „Енфилд“.

Рома најверојатно ќе биде нов клуб на хрватскиот дефанзивец, откако „волчицата“ во последните денови ги интензивираше преговорите со „црвените“ за овој трансфер. Ливерпул бара 20 милиони евра за Ловрен, кој дефинитивно ќе биде продаден до крајот на овој преоден рок.

„Римската волчица“ е решена да направи ремонт во одбранбената линија, па покрај за Ловрен се интересира и за услугите на Ругани од Јувентус.

Се вчитува...