Ловрен: Рамос прави повеќе грешки од мене, а сите велат дека бил најдобар во светот

Дејан Ловрен отворено го критикуваше Серхио Рамос тврдејќи дека шпанскиот репрезентативец прави повеќе грешки од него, но речиси никогаш не добива критики за слабите игри.

„Никогаш не сум рекол дека сум најдобар одбранбен фудбалер во светот, но сметам дека луѓето треба да прифатат дека сум дел од елитата. Моите „хејтери“ секогаш можат да кажуваат нешто против, но јас верувам во себе. Точно е, некогаш грешам, но тоа го прават и другите, а никој не е критикуван како мене. Ако ја видите статистиката, Серхио Рамос греши повеќе од мене, но го штити фактот дека игра за Реал Мадрид. Кој ќе го критикува кога тимот му победува со 5-1 или 5-2, тогаш не е важно дали згрешил или не. Сите велат дека тој бил најдобар во светот, но јас не се согласувам, според мене Ван Дајк, Варан и Тијаго Силва се подобри од него“ – изјави Ловрен.

Хрватот како да заборави дека и неговиот тим ланската сезона имаше беспрекорен напад што во просек постигнуваше над три гола по натпревар, но неговите „киксови“ остануваат запаметени и од страна на навивачите на Ливерпул, кои гласно бараат Џо Гомез да биде прв избор на Клоп за партнер на Ван Дајк во дефанзивната линија на „црвените“.

Се вчитува...