Ловрен се надмина – автогол со гради на големото дерби (видео)

Дејан Ловрен со години важеше за главен „киксер“ во одбраната на Ливерпул, а Хрватот продолжува во ист стил и во дресот на Зенит.

Искусниот дефанзивец се посрамоти на големото дерби со Спартак Москва, постигнувајќи си автогол. Ловрен на работ од петерецот можеше да ја расчисти опасноста, но реши со гради да ја спушти топката за голманот… само што тоа го стори крајно неспретно, па го лобуваше својот голман иако тој се наоѓаше на само еден метар од гол-линијата.

Зенит претходно имаше водство со голот на Азмун, но по глупоста на Ловрен сега резултатот на големото руско дерби повторно е изрмнет.

Се вчитува...