Ловрен со ироничен коментар го проследи рекордот на Салах: Не е доволно, треба да го чуваш и својот бек

Мохамед Салах се врати во составот на Ливерпул за натпреварот со Брајтон откако претходно беше отстранет поради недолични коментари за тренерот и клубот.

Камбекот на египетскиот репрезентативец донесе и нов импресивен рекорд бидејќи со асистенцијата на средбата го престигна Вејн Руни по бројот на асистенции и голови за еден клуб во Премиерлигата. Сега Салах има вкупно 277 асистенции и голови за Ливерпул и е на првото место на вечната листа пред Англичанецот.

Салах се пофали со новиот рекорд со објава на социјалните мрежи на која коментираше и неговиот поранешен соиграч Дејан Ловрен, оставајќи ироничен коментар.

„Не е доволно добро Мо, треба да го чуваш и својот бек“, напиша Ловрен.

Се вчитува...