Хрватскиот репрезентативец од редовите на Волфсбург, Ловро Мајер го очекува пауза од натпревари до средина на месец февруари поради операција на зглобот.
Мајер се мачи со повреди уште од самиот почеток на сезоната. Откако се повреди во месец август отсуствуваше повеќе од два месеци, а камбекот на терените не заврши славно.
На 2. ноември одново зачекори на теренот, но по само 11 минути мораше да го напушти истиот поради обновување на повредата. Сега ќе ја санира истата во целост по што нова неколку месечна пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА