Во моментите кога човештвото се бори со коронавирусот, најверните навивач на Тиквеш од Кавадарци, „Лозарите“ се одлучија на крводарителска акција како помош за здравствените установи, пред се во својот град, но и во земјата кои се на првата ‘борбена’ линија.
„Во деновите кога сите ја сфаќаме смислата на човештвото, уште еднаш покажуваме што значи да си човек во вистинската смисла на зборот. По претходен повик од одделот за трансфузиологија во Кавадарци во време кога сите крводарителски акции се откажани, Лозари Исток даруваа крв со цел да се пополнат огромните потреби за крв кои што им се потребни на болните во Кавадарци и ширум земјата. Поради ситуацијата со корона вирусот, сите крводарители можат да донираат крв секој понеделник и четврток од 9 до 13 часот во центарот за трансфузиологија во Кавадарци“ – информираат Лозарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА