Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкупи ако го помине гибралтарскиот Линколн во првото коло во квалификациите во Лигата на шампионите, во второто коло ќе се сретне со Динамо Загреб.
Македонскиот прволигаш немаше среќа на денешната ждрепка во Нион, а тренерот Гоце Седлоски ќе игра против тимот во кој работеше, а во него играат македонските интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
Првите натпревари од втората фаза во квалификациите во елитното натпреварување се закажани за 19. и 20. јули, додека реваншите на програмата се една недела подоцна (26. и 27. јули).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

