Фудбалерите н Клуб Бриж стигнаа до втората победа сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеа со минимални 1-0 над Астон Вила како дел од четвртата рунда во елитното натпреварување.
Победничкиот погодок за домашниот тим го постигна од пенал Ванакен во 52. минута, пенал кој ќе внесе многу полемики во правилата на фудбалската игра. Емилијано Мартинез ја изведе топката, но неговиот соиграч Тајрон Мингс „ги измеша брзините“ па место да игра со нога, одлучи тој да го изведе почетниот удар, по што главниот судија на мечот досуди пенал.
Иста ситуација се случи лани кога играа Баерн и Арсенал во четвртфиналето на ЛШ. Откако фудбалерот на „топчиите“ Габриел исто така играше со рака, тогашниот судија не досуди пенал за Баварците.
Club Brugge 1-0 Aston Villa – Hans Vanaken penalty 52'
byu/MeladroitTV insoccer
Во вториот меч од раната програма денеска во ЛШ, Шахтјор Доњецк во Гелзенкирхен славеше над Јанг Бојс со 2-1. Номиналните гости поведоа со 0-1 со голот на Имери во 27. минута. На 1-1 израмни Зубков во 31. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Судаков во 41. минута.
Shakhtar [2]-1 Young Boys – Georgiy Sudakov 41'
byu/MeladroitTV insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА