Барселона го совлада Јувентус на гости во Торино со 0-2 и стигна до вториот триумф во групата Г од Лигата на шампионите. Осман Дембеле го отвори резултатот, а Лионел Меси од пенал во судиското продолжение го потврди триумфот на каталонскиот тим. Интересно е дека Алваро Мората дури трипати ја тресеше мрежата на Барса, но сите три гола не беа признати.
Манчестер Јунајтед беше убедлив и со 5-0 го победи Лајпциг. Мејсон Гринвуд го начна противникот, потоа Маркус Рашфорд постигна хет-трик, а погоди и Антони Марсијал од пенал.
Борусија Дортмунд со 2-0 го совлада Зенит. Џејдон Санчо од пенал донесе водство, а Ерлинг Халанд го постави конечниот резултат. Севилја минимално славеше над Рен со 1-0, со погодокот на Лук де Јонг во 56.минута. Десеткуваниот Лацио одигра 1-1 на гости против Клуб Бриж, а Ференцварош спаси бод против Динамо Киев играјќи 2-2, иако имаше негатива од два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА