Фухсе Берлин со одлично офанзивно издание славеше над Веспрем во големото дерби на колото во Лигата на Шампионите (38-34). Без голманот Милосављев на голот, германскиот гигант имаше проблеми со одбраната, но затоа нападот фукнционираше одлично. Дуелот беше егал до петнаесетина минути до крајот, кога Лудвиг влезе во серија одбрани, а Берлин знаеше како да го искористи тоа и да се одлепи, на крајот славејќи заслужена победа.
Ласе Андерсон со девет гола беше предводник на срелците кај Берлин, Гидсел постигна шест погодоци, а прв стрелец на Веспрем беше Деска со осум погодоци.
Спортинг одигра перфектен офанзивен меч полнејќи ја до врв мрежата на Колстад во убедливиот триумф од 44-31. Поркелсон беше во главна улога со 12 погодоци, а нова одлична партија во ЛШ прикажа и Мартим Коста, со десет постигнати гола.
ПСЖ загуби уште еден меч на домашен терен, овојпат од Висла со резултат 29-30. Гостите од Полска имаа 25-29 на осум минути до крајот, ПСЖ дојде до 28-29 и промаши напад за израмнување, по што Висла преку Фазекаш стави печат на победата. Се што успеаја „светците“ да сторат во завршните минути беше почесниот погодок на Пранди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

