ЛШ е уште подалеку за Ливерпул: Само бод со Кристал Палас

„Секој наш следен меч во Премиерлигата е квалификациски за ЛШ“. Ова го изјави менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп пред мечот со Кристал Палас. Меѓутоа уште на првиот „квалификациски“ меч, Ливерпул направи „кикс“ и освои само бод, не успевајќи да го најде патот до мрежата.

Залудно беше тоа што Ливерпул ја имаше иницијативата и шансите, кога на крајот освоија само еден бод. Ова е дополнителна загуба за „црвените“ во битката за место кое носи во најелитното европско натпреварување.

Кристал Палас не упати ниту еден удар кон голот на Алисон, меѓутоа во првиот дел можеше да ги „шокира“ избраниците на Клоп откако Матета ја погоди пречката. Кај Ливерпул шанси имаа Жота и Салах, но едниот ја погоди стативата, додека вториот само пречката. Прилика во финишот имаше и Гакпо, но не успеа да го совлада Гуаита.

Се вчитува...