Македонскиот футсал првак, КФМ Велес на квалификацискиот турнир од прелиминарната фаза за Лигата на шамионите, во завршното коло против Валета ќе се бори за првото место на табелата.
Ова откако велешкиот состав ја забележа и втората победа во квалфикациите на кои што е домаќин во салата „Јане Сандански“. Во дуелот од втората рунда КМФ Велес го победи Космос со 4-0.
Ранготов во 3, 14 и во 31 минута го погоди противничкиот гол, додека Глигоров во 34 минута постигна гол за конечниот резултат. Македонскиот шампион сега има 6 бода и е лидер на табелата. Идентичен број бодови, но послаба гол разлика има противник натпреварот в сабота, Валета.
Победникот од оваа квалификациска група обезбедува место во главната рунда кој ќе се одржи од 2 до 7 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА