Речиси и да нема дилеми околу патниците на Ф4 турнирот во Будимпешта од ракометната Лига на шампиони за жени, откако Ростов и Ѓер по примерот на Вардар забележаа победи на гостински терен, оставајќи го реваншот пред своите гледачи како рутина за печат на визата за фајналфор-завршницата.
Ростов имаше незгодна задача на гостувањето во Унгарија против ФТЦ Будимпешта, но рускиот тим одговори на предизвикот триумфирајќи со 29-31. Виакхирева беше во главна улога со осум погодоци за Ростов, шест постигна Родригез, а пет Манагарова.
Уште полесно мина европскиот првак Ѓер, кој триумфираше со 20-26 на гостувањето против Будуќност. Подмладениот црногорски состав немаше сили за сензација бидејќи Раичевиќ со девет гола беше осамена во нападот, додека на спротивната страна најефикасни кај Ѓер беа Аморим и Горбич со по осум постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА