Норвешкиот шампион БОДО Глимт уште еднаш покажа дека кога игра на домашен терен едноставно е невозможно да биде совладан, откако вечерва направи вистинско изненадување славејќи со 3-1 против поранешниот европски шампион Интер во првиот натпревар од двомечот од плеј-оф фазата од Лигата на шампионите.
Домаќините стигнаа до изненадувачко водство од 1-0 со погодокот на Фет во 20. минута. Само десет минути подоцна поранешниот европски шампион успеа да израмни на 1-1 преку Еспосито. Нова предност за домаќините донесе Хауге во 61. минута, а само три минути подоцна беше и 3-1 со погодокот на Хог.
Bodoe/Glimt [3] – 1 Inter – Kasper Hogh 64'
byu/gbogaz insoccer
Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Клуб Бриж со 2-3. Гостите до водство од 0-2 стигнаа со погодоците на Алварез од пенал во 8. минута и Лукман во втората минута од судиското продолжение од првиот дел. Белгијците намалија на 1-2 преку Оњедика во 52. минута, додека 2-2 беше со голот на Тресолди во 60. минута. „Јорганџиите“ повторно поведоа 2-3 стигнаа со автоголот на Ордоњез во 79. минута, додека конечните 3-3 беа дело на Цолис во 89. минута.
Во последниот натпревар од вечерашната програма Баер Леверкузен славеше на гостувањето кај Олимпијакос со 0-2. Претходно денеска Њукасл го прегази Карабах со 1-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

