ЛШ, КВАЛИФИКАЦИИ: Ревија на нерешени резултати, Фенербахче и Муруњо во проблеми

Вечерва се одиграа првите натпревари од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Многу натпревари завршија нерешено, а само Митјиланд, Лудогорец, Лил и Салцбург обезбедија предност пред реваншите.

Жозе Мурињо и неговиот Фенербахче загубија на гостувањето кај Лил со 2-1, и така сега на реваншот во Истанбул ќе мора да бркаат победа. Лудогорец оствари голема победа на гостувњето во Азербејџан кај Карабах со 1-2, и се доближи до плеј-офот.

Митјиланд, пак, на свој терен беше подобар од Ференцварош, и е на добар пат да се пласира во следната фаза од ова натпреварување, а таму се чини со една нога е и тимот на Салцбург, кој се стекна со предност од 2-1 против Твенте.

Малме и ПАОК играа 2-2, Динамо Киев и Глазгов Ренџерс одиграа 1-1, а со истиот резултат завшри и мечот Спарта Прага – ФЦСБ.

3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЛШ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

КАРАБАХ – ЛУДОГОРЕЦ 1-2

МАЛМЕ – ПАОК 2-2

МИТЈИЛАНД – ФЕРЕНЦВАРОШ 2-0

ДИНАМО КИЕВ – ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС 1-1

СПАРТА ПРАГА – ФЦСБ 1-1

ЛИЛ – ФЕНЕРБАХЧЕ 2-1

САЛЦБУРГ – ТВЕНТЕ 2-1

Се вчитува...