ЛШ: Мадридска пресметка во полуфиналето, Јувентус против Монако

Европскиот клупски првак Реал Мадрид ќе ги одмери силите со градскиот ривал Атлетико Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите. Минатогодишните финалисти сега ќе се пресметаат во полуфиналната фаза од елитното европско клупско натпреварување.

Најпријатното изненадување, францускиот тим Монако, ќе се сретне со италијанскиот првак Јувентус. „Кнезовите“ ќе бидат домаќини на првиот дуел, а реваншот ќе се одигра во Торино.

kardif ls

Првите мечеви се на програмата на 2/3 мај, а реваншите на 9/10 мај. Финалето ќе се одигра на 3.јуни во Кардиф.

ДВОЈКИ ЛШ, ПОЛУФИНАЛЕ

РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД

 МОНАКО – ЈУВЕНТУС

Се вчитува...