Пари Сен Жермен е многу моќен оваа сезона и со триото Кавани – Нејмар – Мбапе може да стигне многу, многу далеку и во Лигата на шампионите. Го почувствува тоа вечерва и Баерн Минхен кој загуби со 3-0. Тимот на Карло Анчелоти беше декласиран во Париз.
Дани Алвеш уште во втората минута ја затресе мрежата на германскиот првак, Единсон Кавани зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Нејмар.
Манчестер јунајтед како казнена експедиција помина низ Москва и ја совлада ЦСКА со 1-4. Лукаку беше двоен стрелец, Марсијал погоди од пенал, а и Мхитарјан се запиша меѓу стрелците. Кухаев постигна гол за ЦСКА Москва во самата завршница.
Јувентус се мачеше против Олимпијакос се додека во игра не влезе Гонзало Игуаин. Тој го постигна водечкиот гол во 69.минута, а Марио Манџукиќ во 80.минута ги постави конечните 2-0 за италијанскиот шампион.
Барселона со 0-1 го победи Спортинг во Лисабон, а Коатес си постигна автогол. Стефан Ристовски воопшто не беше во тимот на Спортинг Лисабон на овој натпревар.
Атлетико Мадрид поведе, но загуби на крајот од Челси со 1-2. Антоан Гризман од пенал го доведе шпанскиот тим во водство во 40.минута, а Алваро Мората сепак ги смири домаќините во 60.минута. А во судиското продолжение Мичи Батшуаи го нокаутира Атлетико Мадрид.
Најубедливата победа ја оствари Базел, кој на домашен терен ја совлада Бенфика со 5-0.
Лига шампиони, резултати
Група А: Базел – Бенфика 5-0, ЦСКА Москва – Манчестер ј. 1-4
Група Б: Андерлехт – Селтик 0-3, ПСЖ – Баерн Минхен 3-0
Група Ц: Атлетико Мадрид – Челси 1-2, Карабах – Рома 1-2
Група Д: Јувентус – Олимпијакос 2-0, Спортинг Лисабон – Барселона 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА