ЛШ: Олимпијакос и Динамо Киев со предност пред реваншите

Олимпијакос обезбеди триумф со два гола разлика (2-0) пред реваншот за шест дена против Омонија за пласман во групите од Лигата на шампионите. Метју Валбуена од пенал во 69. минута го отвори резултатот, а Јусеф Ел Араби постигна втор погодок во судиското продолжение за убава предност за грчкиот првак.

Динамо Киев го искористи црвениот картон во редовите на Гент и славеше со 1-2 на гости во Белгија. Владислав Супријага и Карлос де Пена беа стрелци на головите за украинскиот тим.

Најмногу голови имаше на мечот Молде – Ференцварош кој заврши 3-3.

Се вчитува...