ЛШ: Падна и Шериф, Николов влезе на „Меаца“, „тесни“ победи на Ливерпул, Порто и ПСЖ, Ајакс и Реал убедливи (ВИДЕО)

После двете сензационални победи над Шахтјор и над Реал Мадрид, Шериф Тираспол го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва молдавскиот тим е поразен од Интер со 3:1, иако во еден момент се закануваше повторно да дојде до изненадување. Џеко донесе водство од пенал, за Тил од слободен удар погоди за 1:1. Сепак, Видал и Де Фрај погодија за конечни 3:1 за „нероаѕурите“.

Ливерпул со 3:2 го совлада тимот на Атлетико во Мадрид, и тоа откако домашниот тим остана со играч помалку. Салах и Кеита брзо донесеоа 0:2, а Гризман со два гола израмни. Сепак, Гризман поради груб фаул доби директен црвен картон, а тоа го искористи Салах од пенал за победа. Во истата група Порто го совлада Милан со 1:0.

ПСЖ со многу мака го совлада Лајпциг. Мбапе донесе водство за Парижаните, а Германците со два гола дојдоа до пресврт. Но, Лионел Меси со два гола ги врати работите по старо за конечен триумф.

Катастрофа на Борусија Дортмунд во Амстердам. „Милионерите“ се поразени со 4:0, а голманот Кобел спасуваше во најмалку три ситуации, инаку поразот можеше да биде поубедлив.

Реал Мадрид со „петарда“ го збриша Шахтјор во Киев.

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Бешикаш – Спортинг 1:4

Бриж – Манчестер С. 1:5

Ајакс – Борусија Д. 4:0

Атлетико М. – Ливерпул 2:3

Интер – Шериф 3:1

Порто – Милан 1:0

ПСЖ – Лајпциг 3:2

Шахтјор – Реал М. 0:5

АТЛЕТИКО – ЛИВЕРПУЛ

ИНТЕР – ШЕРИФ

ПОРТО – МИЛАН

Се вчитува...