Одлично почна дербито во Барселона, со шанси на двете страни, а Барса води против Интер на полувреме 1-0. Мхитарјан вадеше од гол линијата, а на другата страна Џеко ја погоди пречката. Како одминуваше полувремето, Барселона притисна, а тоа донесе водство за „Каталонците“ преку Дембеле во 40. минута. Во финишот Рафиња уште еднаш се закани, но топката „профуче“ крај десниот дирек.
Мечот во Лондон меѓу Тотенхем и Ајнтрахт стартуваше офанзивно, па во 14. минута Камада донесе водство за гостите. Сепак, во 20. минута Сон донесе 1-1, а Кејн во 28. минута од пенал се погрижи за пресврт на лондончани. Дека Тотенхем има намера да победи, покажа голот на Сон во 36. минута кога постигна прекрасен гол со волеј за 3-1 на полувреме.

Баерн Минхен ја осигура победата над Плзен уште во првите 25 минути кога поведе со 0-3. Мане во 10. минута го отвори резултатот, па Милер во 14. минута донесе 0-2, а Горецка во 25. минута зголеми и на 0-3. Целосниот „потоп“ на Плзен го најави Горецка во 35. минута за 0-4 по првиот дел.
Порто дојде до предност во Леверкузен над Баер со голот на Галено уште во 6. минута, а Демирбај во 16. минута не реализираше пенал за домашните.
Глазгов Ренџерс одлично го стартуваше дуелот со Ливерпул и поведе во 17. минута со голот на Арфилд. Фирмино во 24. минута успеа да израмни.
После првиот дел предноста на Олимпик Марсеј во Лисабон против Спортинг гарантира дека ќе дојде до нова победа. Францускиот тим има 0-2 со головите на Гендузи од пенал и на Санчез. Згора на тоа Спортинг игра со играч помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

