ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Голеада во Монако, мрежите мируваат во Лисабон

На два натпревари во Лигата на шампионите во плеј-оф фазата е полувреме. Во Монако има четири голови, додека мрежите мируваат во Лисабон на пресметката помеѓу Бенфика и Реал Мадрид.

Монако поведе против ПСЖ уште во 55. секунда, а потоа водеше и 2-0, но гостите со два гола успеаја да стигнат и на крајот да дојдат до израмнување. Балогун ги постигна двата гола за Монако. Потоа Витиња промаши пенал, а Дембеле мораше да го напушти теренот поради повреда.

Токму играчот кој влезе на негово место, Дуе, намали, а Хакими во 41. минута израмни.

Во Лисабон, Бенфика добро почна, имаше добра шанса, а потоа Реал Мадрид со неколку обиди, но Трубин беше одличен на голот на домашниот тим.

Мечот во Дортмунд доцнеше 15 минути, а Борусија има предност пред финишот на полувремето со 2-0 над Аталанта.

Се вчитува...