После убедливиот триумф во Баку против Карабах, екипата на Њукасл и на реваншот го „гази“ противникот, и по едно полувреме е јасно дека со победа ќе го запечати осминафиналето во ЛШ.
Тонали во 4. минута и Жоеилтон во 6. минута го решија победникот од овој натпревар, и Њукасл сега има има вкупни 8-1, резултат кој Карабах нема никаква теорија да го стигне.
Интер, пак, во првиот дел не успеа да го отвори тимот на Бодо Глимт. Норвежаните успешно одолеваат на нападите на „нероазурите“. Фратези и Зиелински имаа шанси, но не успеаја, додека Евјен кај Бодо имаше шанси да ја шокира публиката на „Џузепе Меаца“. На Интер во вториот дел му треба да победи со два гола предност, за да ги задржи шансите за пласман меѓу најдобрите 16.
Здодевно беше во Леверкузен каде што Баер и Олимпијакос играат без голови. Но, со оглед дека германскиот тим има 2-0 по првиот меч, тогаш се многу блиску до 1/8 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

