Црвена Звезда има водство од 1-0 на полувреме против Јанг Бојс во натпревар од 2. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Белграѓани до водство од 1-0 стигнаа со голот на Шериф Ндиаје во 38. минута.
Crvena zvezda [1] – 0 Young Boys – Cherif Ndiaye 38′
byu/Previous-Success8007 insoccer
Њукасл игра неверојатно и на полувреме има предност од 2-0 против Пари Сен Жермен. Светците треба да бидат среќни што имаат негатива од само два гола бидејќи се тотално надиграни на „Сент Џејмс парк“. Стрелци за Њукасл беа Алмирон и Барн.
0-0 на полувреме е на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Милан. Актуелниот европски шампион Сити има предност од 0-1 против Лајпциг, како и Барселона против Порто.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 2. КОЛО:
Борусија Дортмунд – Милан 0-0
Селтик – Лацио 1-1
Црвена З. – Јанг Бојс 1-0
Њукасл – ПСЖ 2-0
Порто – Барселона 0-1
Лајпциг – Манчестер Сити 0-1
(18.45) Атлетико М. – Феенорд 3-2
(18.45) Антверпен – Шахтјор 2-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА