ЛШ, предквалификации: Будуќност и Бреидаблик во финале

Екипите на Будуќност од Црна Гора и Бреидаблик од Исланд, ќе се сретнат во финалето на претквалификациите во ЛШ, за пласман во 1. квалификациско коло во ЛШ.

Екипата на Будуќност лесно ја совлада екипата на Атлетик Ескалдес од Андора со убедливи 0-3, додека Бреидаблик триумфираше над Тре Пене од Сан Марино со 1-7.

Победникот во финалниот меч во 1. квалификациско коло ќе се сретне со Шамрок Роверс од Ирска.

Се вчитува...