Екипата која го елиминираше македонскиот шампион Струга ТЛ, Слован Братислава одигра без победник 1-1 на гостувањето кај словенечкиот шампион Целје во првиот натпревар од двомечот во 2. коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Бобичанец уште во 7. минута од натпреварот. Само четири минути подоцна Стрелец израмни на 1-1, а на крајот тоа се покажа како конечен резултат. За издвојување од овој натпревар е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на гостите Савидис во 30. минута.
Celje 1-[1] Slovan Bratislava – David Strelec 11'
byu/Meladroitdimage insoccer
Бугарскиот шампион Лудогорец славеше на домашен терен против белорускиот првак Динамо Минск со 2-0. Стрелци на головите за домаќините беа Текпетеј во 9. минута од мечот и Неделев од пенал во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Ludogorets 2-0 Dinamo Minsk – Todor Nedelev penalty 45'+1'
byu/Meladroitdimage insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА