ЛШ: Ристовски и Адеми триумфално од Разград, Динамо на чекор до плеј-офот

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми се блиску до пласман во плеј-офот во Лигата на шампионите, откако со Динамо Загреб вечерва го совладаа бугарскиот Лудогорец со 1-2 и тоа сред Разград.

Динамо одлично го почна мечот и веќе во 9. минута водеше со 0-2. Периќ донесе водство, а автоголот на голманот Пад донесе голема предност. Во 22. минута Текпетеј израмни, а од тогаш Динамо како да застана, па така Лудогорец имаше шанси да дојде до 2-2, а се тресеше и пречката од голот на загрепчани.

И Викторија Плзен е блиску до пласман во плеј-офот откако чешкиот тим го совлада Шериф на негов терен со 1-2.

Се вчитува...