Барселона и Наполи на „Монжуик“ ќе го одиграат реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Првиот меч заврши без победник 1:1, а денеска победникот ќе се пласира меѓу најдобрите осум во најелитното европско натпреварување.
Тренерите Чави и Калцона ги одредија стартните состави. И покрај многуте повреди, Барселона излегува во офанзивна формација, и „страшен“ напад со Левандовски, Рафиња и Ламал. Вреди да се напомене дека Кристенсен од местото стопер оди на позицијата последен играч за врска.
Наполи, пак, ќе напаѓа со триото Политано – Осимен – Квацархелија. Тренерот на гостинскиот тим Калцона ги има сите играчи на располгање, за разлика од неговиот колега на другата страна.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета за дуелот со Порто оди со изненадување во нападот. Габриел Жесус и Еди Нкетија останаа на клупата, додека како најистурен стартува Кај Хаверц, помогнат со Сака и со Тросар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА