После отсуството на натпреварот против Верона во Серија „А“, македонскиот интернационалец Елиф Елмас одново ќе ја чека шансата од клупата за настап во Наполи во Лигата на шампионите. Македонецот се најде на клупата на „Олимпискиот стадион“ во Берлин на дуелот со Унион.
Во вториот натпревар во групата, Реал Мадрид гостува во Брага, а Анчелоти се одлучи како класичен напаѓач да игра Белингем. Барем така е поставена формацијата, иако се очекува да има поместувања во формацијата, и Белингем да биде офанзивен играч од средниот ред, а во нападот да бидат Родриго и Винициус.
Манчестер Јунајтед првите бодови во групата против Копенхаген ќе ги бара со Мегваер во одбраната, а во нападот Хјолунд, Рашфорд и Антони.
⭐️ STARTING XI
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/ekhGe4DekV
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА