Македонскиот интернационалец и член на Лајпциг, Елиф Елмас, ќе чека шанса од клупата во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кој се игра вечерва во Лајпциг.
Елмас и натаму ја нема довербата од тренерот Марко Розе да биде во стартниот тим, по доаѓањето зимава од Наполи за 25 милиони евра.
Реал Мадрид, пак, доаѓа во Германија со големи проблеми. Поради повреди, Анчелоти нема да може да смета на Алаба, Белингем, Куртоа, Милитао и Рудигер, па така на стоперската позиција ќе се најдат Начо и Чуамени, а на бековските позиции Менди и Карвахал. Во средината ќе играат Диаз, Камавинга и Крос, додека ќе напаѓаат со Валверде, Винициус и Родриго.
На вториот меч во Копенхаген, Манчестер Сити ќе нападне со најефикасниот фудбалер Ерлинг Халанд. Тренерот Пеп Гвардиола може да смета на речиси сите играчи, па така со најсилниот состав ќе излезе на мегдан со аутсајдерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА