ЛШ состави: Елмас повторно почнува од клупата

Елиф Елмас нема да биде стартер за Наполи против Реал Мадрид, откако Руди Гарсија одлучи одново да не му даде шанса во првите 11, и ќе чека прилика од клупата за резерви. За Наполи ќе напаѓаат Политано, Осимен и Кварацхелија.

Кај Реал Мадрид, пак, стопер ќе биде Начо, во отсуство на Милитао и Алаба, а Камавинга ќе игра како лев бек.

Интер со Лаутаро и Турам ќе ја напаѓа Бенфика, а Кејн се очекува да биде стрелец на дуелот против Копенхаген. Манчестер Јунајтед првата победа во ЛШ против Галатасарај ќе ја бара со Хјолунд во нападот, додека во тимот се врати Варан. Икарди ќе напаѓа за турскиот тим.

Се вчитува...