Познати се составите на сите тимови кои вечерва ќе играат во првите осминафинални натпревари. Вечерва на програмата се Интер – Атлетико Мадрид и дуелот во Ајндховен, помеѓу ПСВ и Борусија Дортмунд.
Нема никакви изненадувања во Интер, односно Симоне Инзаги почнува со 3-5-2 формација, и во нападот Мартинез и Турам. Атлетико, пак, на другата страна ќе напаѓа само со Гризман. Најавен е и Љоренте во нападот, но тој повеќе ќе игра како полушпиц, додека во средината ќе бидату ште и Де Пол, Коке и Саул.
Во Ајндховен е интересно што тренерот на ПСВ, Питер Бос ќе игра против екипата од која доби отказ пред неколку години. Исто така вреди да се напомене дека според обложувалниците, токму ПСВ е главен фаворит, поради тоа што овој тим игра одлично во холандскиот шампионат.
ПСВ ќе нападне со триото Лозано, Де Јонг и Бакајоко, а исто така тројца напаѓачи се најавени и во составот на Дортмунд: Мален, Санчо и Филкруг. Тука се очекуваат многу голови. Борусија Дортмунд стартува без Никлас Зиле, а во одбраната се најдоа Хумелс и Шлотербек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА