ЛШ СОСТАВИ: Левандовски стартува во Минхен, Баерн напаѓа со Сане, Мане, Мусиала, Милер…

Без поголеми изненадувања во составите на екипите на дербито вечерва кое се игра во Минхен меѓу Баерн и Барселона. Левандовски ќе биде стартер против својот довчерашен тим и ќе се обиде да му даде што повеќе голови. Чави се реши уште и за Рафиња и Дембеле во нападот. Во средниот ред Гави, Бускетс и Педри, додека во одбраната Кунде и Алонсо како бекови, Кристенсен и Араухо како стопери.

Кај Баерн, пак, единствено изненадување може е Сабицер кој стартува покрај Кимих и Милер во средниот ред. Нагелсман се одлучи најистурен да биде Мане, а Сане и Мусиала како крила. Во одбраната Дејвис, Хернандез, Упамекано и Павар. На головите на двата тима нема измени, Нојер и Тер Штеген.

Се вчитува...