Англискиот премиерлигаш Тотенхем освои само еден бод на гостувањето во Холандија против ПСВ Ајндховен (2-2) и го освои првиот бод во групата Б од Лигата на шампионите. Тимот на Покетино беше на прагот на триумф, но не успеа да го сочува водството до самиот крај.
Ирвинг Лозано во 30.минута го доведе холандскиот тим во водство, но Лукаш израмни пред крајот на првиот дел.
Во 55.минута, Хари Кејн стрелаше за водство на Тотенхем, кое англискиот состав не успеа да го задржи до крај. Во финишот, гостите играа со играч помалку, поради исклучувањето на голманот Хуго Лорис, а израмни Лук де Јонг во 88.минута од мечот.
Клуб Бриж и Монако одиграа 1-1. Муса Сила ги доведе „кнезовите“ во водство во 32.минута, а седум минути подоцна израмни Весли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА