ЛШ вечерва го доби најмладиот дебитант, има само 15 години и 308 дена

Играчот на Арсенал, Макс Доумeн стана најмладиот дебитант во Лигата на шампионите оваа вечер. Фудбалерот на „топчиите“ го имаше првиот меч за својот тим во елитното друштво на 15 години и 308 дена.

Доумeн, кој игра во средниот ред, влезе во 73. минута од средбата на местото на Тросар, во победата на англискиот тим од 0-3, што беше четврти триумф во исто толку натпревари на тимот во Лигата на шампионите.

Претходниот рекорд го држеше Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд, кој дебитираше со 16 години и 18 дена во ЛШ.

Се вчитува...